Хераклеа – Макпетрол (02.11.2013)

Posted by Unknown on 8:54 AM with No comments



Хераклеа - Макпетрол (02.11.2013)

Првиот натпревар на новиот клуб во Битола, на домашната куглана, и прво сефте со деценискиот последователен првак на Р.Македонија и вицешампион на силниот NBC меѓународен турнир, 2013 година во Германија.
Фактите говорат дека Макпетрол иако исклучително доминантен во последните 12 години во МКЛ, знаел да загуби во Битола итоа од далеку послабиот Пелистер или Молика. Куглана која е исклучително тешка, на која знаеле да не се снајдат и репрезентативци и исклучителни играчи како Диме, Виктор, Менсур и др.
Но, формата на кугларите на Хераклеа како да е заспана во длабок сон, натпреварувачката трема постои како да се работи за дебитанти … едноставно и по три кола клубот не покажа она што реално го поседува.
Светла точка во Хераклеа беше само Цане Колев кој ја отсликува состојбата од тренинзите каде што убедливо предничи пред останатите. Останатите скромни, Тоде потфрли, а веќе на изгубениот натпревар Миле Ѓоргиевски доби шанса да го почувствува натпреварувачкиот амбиент.
Повторно во поразот, наоѓам светла точка во младиот Никола Андоновски кој повторно изигра зрело, иако ментално сеуште не е подготвен да го издржи притисокот до крај, па на два натпревари потклекнува во последниот сет. Со 2:1 предност над Виктор, потклекна во четвртиот сет и не успеа да исчисти добро.
Како и да е, заслужена победа на Макпетрол, бевме надиграни на сите позиции, дури и единствениот вистински дуел (Колев – Влаќевски)  и (Никола – Бојан) заврши со победа на кугларите од Макпетрол, иако Колев имаше 519 и подобар вкупен резултат (загуби на сетови) а Никола имаше водеше со 2:1 но не стигна до победа.
Четвртото коло се одигрува на 9.11.2013 во Борис Трајковски од 14.30 часот. Хераклеа ќе му гостува на женската екипа Македонија.