Хераклеа – ГТЦ (15.02.2014)
Posted by Unknown on 9:21 AM with No comments
Натпревар кој започна со голем технички проблем на четвртата патека, по кој мораше да го продолжиме натпреварот само на две патеки што во значителна мера му даде предност на гостинската екипа бидејќи во Битола секоја стаза е приказна за себе, а во овој случај се играше само на две патеки и гостинските куглари имаа можност многу побрзо и подобро да се прилагодат на „теренот“.
Имавме и отсуство на треторангираниот куглар, еден од најстандардните кутглари - Александар Јовановиќ кој баш тој ден си го земаше своето прво новороденче од болница.
Пролетниот дел со новите засилувања донесе и нова динамика и квалитет во „новиот“ состав на екипата.
„Новодојдените“ Поповски и Димовски одлично го отворија резултатот и со 2:0 и +40 кегли успеавме да заводиме.
Во третиот дуел Михајловски неочекувано лошо стартуваше и на чистење успеа да заглави со либек кој го доведе до очајно лоши за него 105 по 30 кугли. Во вториот сек видно деконцентриран со само 112 не преостануваше друго сем да се замени со Тоде Ристевски кој исто така изигра скромно и не успеа да го надополни пропуштеното. Со вкупно 457 на крајот покрај поразот во поенот, се загуби и разликата во вкупните кегли што ја искомплицира релаксираноста која ја имавме до вториот блок.
Четвртиот дуел Колев како убедливо најдобар со фантастичен просек од над 520 со бледа игра изигра лошо и со за него лоши 484 го изгуби многу битниот поен за нас.
Петиот дуел Драган требаше да се бори против Стојановски кој изигра релативно добро, а Драган со скромните 481 не успеа да го земи поенот и веќе се наѕираше поразот на домашната куглана.
Но, светлост донесе последниот дуел помеѓу Милош Божиновски и легендата Менсур Ајдин. Со видна предност во вкупно соборени дрва, Милош требаше покрај освоениот поен во дуелот со Менсур да го добие и со +36 дрва. Мише стартуваше лошо, но во вториот сет успеа да нивелира поголем дел од разликата и требаше да повтори уште еден така добар сет за да победи Хераклеа. Во тоа не успеа иако на крајот во „фотофиниш“ го доби Менсур во последниот сет, израмнувајќи на 2:2 и за 2 дрвца му го зеде поенот.
Тежок натпревар кој не ја одрази вистинската сила на Хераклеа, но во спортот и тоа се случува. Со скромни за нас 2938 кегли вкупно, не се доближивме до нашиот просек од +3000 што придонесе да го прокнижиме и првиот пораз во оваа полусезона.
0 comments:
Post a Comment