Трето пласирани на меѓународен турнир во Крагуевац
Posted by Unknown on 9:17 AM with No comments
Припремите за вториот дел од државното првенство во куглање на к.к.
Хераклеа, раковостството на клубот во соработка со нашиот спонзор –
ПАКОМАК, предвиде да ги направи во Р.Србија, лулка на кугларскиот спорт
на овие простори, каде што учествувавме на еден меѓународен турнир во
организација на кугларскиот клуб Шумадија – од Крагувац, по повод 20
години од постоењето на клубот.
Со задоволство беше прифатена поканата и поклопувањето на
термините, така што најсилниот состав на клубот отпатува во Србија со
намера добро да се подготви, да размени искуства, но и да победи на
истиот турнир.
Учествуваа вкупно 5 (пет) екипи од кои покрај нашиот клуб, две екипи (к.к. Цар Лазар и Водовод од Крагуевац) се натпреваруваат во Супер лигата на Србија (која е една од најсилните лиги во светот), една екипа (к.к. Пак промет) се натпреварува во Првата лига на Србија и домаќините (к.к. Шумадија) кои се натпреваруваат во Првата српска лига.
Натпреварот започна во недела на 02.02.2014 од 10.00 часот.
Во една опуштена атмосфера, жарот на играта се разгоре најмногу во последниот 8 блок, каде што беа пресудни последните кегли на чистење. Натпреварот беше до толку неизвесен што публиката на нозе го проследи последниот сет каде што нашиот Тоде Ристевски беше ненормално добар и со 113 во полни успеа да ја нивелира разликата од тогаш третопласираната екипа Пак промет. Натпревар полн со турбуленции, слаби и феноменални моменти, натпревар за паметење.
Во однос на нашите куглари генерално се покажа добра игра, но и сите недостатоци излегоа на виделина на добро подготвените патеки во Крагуевац, така што ни преостнува слабостите да ги надополнуваме и конкретно да се приближиме до 3300, цифрата која генерално во македонски рамки ќе може да не одржува на второто место со оглед на големата предност која ја имаме поради домашната куглана во Битола, каде што ќе може да падне и долгогодишниот првак на Македонија – екипата на Макпетрол.
Еве и галерија на фотографии:

ПЛАСМАН
|
||||
1 место
|
2 место
|
3 место
|
4 место
|
5 место
|
к.к. Водовод
|
к.к. Цар Лазар
|
к.к. Хераклеа
|
к.к. Шумадија
|
к.к. Пак промет
|
3477 дрва
|
3315 дрва
|
3232 дрва
|
3217 дрва
|
3204 дрва
|
ПОЕДИНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ
|
||||
612 М.Пантиќ | 602 Буква | 572 Димовски | 566 Марковиќ | 544 Видојевиќ |
584 Милинковиќ | 568 Драмичанин | 552 Ристевски | 552 Маринковиќ | 542 Тојагиќ |
578 Џорџевиќ | 567 Здравиќ | 547 Колев | 547 Божиновски К. | 533 Симовиќ |
573 Вуксановиќ | 533 Видојевиќ | 541 Михајловски | 531 Коваќевиќ | 531 Пешикан |
567 Симин | 525 Ексиќ | 514 Поповски | 517 Варјашиќ | 529 Јовановиќ |
563 Јоксимовиќ | 520 Јевтиќ | 506 Божиновск | 504 Куртиќ | 523 Вуксановиќ |
Во една опуштена атмосфера, жарот на играта се разгоре најмногу во последниот 8 блок, каде што беа пресудни последните кегли на чистење. Натпреварот беше до толку неизвесен што публиката на нозе го проследи последниот сет каде што нашиот Тоде Ристевски беше ненормално добар и со 113 во полни успеа да ја нивелира разликата од тогаш третопласираната екипа Пак промет. Натпревар полн со турбуленции, слаби и феноменални моменти, натпревар за паметење.
Во однос на нашите куглари генерално се покажа добра игра, но и сите недостатоци излегоа на виделина на добро подготвените патеки во Крагуевац, така што ни преостнува слабостите да ги надополнуваме и конкретно да се приближиме до 3300, цифрата која генерално во македонски рамки ќе може да не одржува на второто место со оглед на големата предност која ја имаме поради домашната куглана во Битола, каде што ќе може да падне и долгогодишниот првак на Македонија – екипата на Макпетрол.
Еве и галерија на фотографии:
0 comments:
Post a Comment