ЗА КЛУБОТ
Кугларскиот клуб „Хераклеа“ – Битола е здружение на граѓани регистрирано во Централен регистaр на Р.Македонија во август, 2013 година. Се работи за клуб кој ги обединува кугларите од Битола, од поранешните кугларски клубови „4-ти Јули“, „Гоце Радосавлевиќ“, „Пелистер до 93 година“, „Пелистер од 2001 година“ и „Молика“ и е формиран со цел да го спои минатото со иднината, искуството и младоста, љубовта кон куглањето и талентот“. Клубот се натпреварува во МКЛ (Македонска кугларска лига).
ЖИРО СМЕТКА НА КУГЛАРСКИ КЛУБ ХЕРАКЛЕА - БИТОЛА
530-0403016083 85
Охридска Банка АД
Примарната цел на клубот „Хераклеа“ е негување на кугларскиот спорт во Битола.
Секундардна цел е подобрување на условите за куглање во единствената кугларница во Битола која е во составот на спортската сала „Младост“, како и грижа за развој на спортот и пренесување на љубовта кон куглањето на младите генерации.
Терцијална цел е создавање на квалитетни куглари кои достоинствено ќе се натпреваруваат на домашните и меѓународните натпреварувања, во екипна и поединечна конкуренција.
Клубот стратегиски е поставен да ги прибери сите таленти и со добра селекција да ги приклучи кон системот на тренинзи на клубот.
0 comments:
Post a Comment