Македонија – Хераклеа (09.11.2013)
Posted by Unknown on 9:03 AM with No comments
Првата победа на к.к. „Хераклеа“ во четвртото коло од МКЛ, слатка бидејќи прва, за паметење бидејќи против женска екипа .
Инаку, во однос на играта, повторно бледа и неуверлива, без потребниот квалитет, но далеку подобра од изминатите натпревари.
Доминираше Цане Колев кој со своите 199 на чистење, успеа да стигне
до фините 559, што досега е најдобар резултат на еден член на Хераклеа.
Бубичот со за него коректни 531 беше втор, Тоде, Мише и Игор со нешто
над 500 беа под нивото, а младиот Никола не успеа да се стабилизира на
чистење и изваде резултат под 480.
Натпреварот влезе во неизвесност по вториот блок кога се нивелира
стекнатата разлика во вкупно соборени кегли, а резултатот со 2:2 внесе
во самата завршница доста неизвесност, за на крајот стабилната игра на
последната постава во првите два добиени сета и кај Љупчо и кај Игор, ја
релаксира атмосферата и не дозволи да се „размафтаат“ исклучително
квалитетните Данче Гијевска и Билјана Гаврилова.
Убаво е што е постигната првата победа, но без да звучам шовинистички
многу подрага ќе биде победата над екипата на „Работнички“ од шестото
коло која ни гостува на домашен терен и кој натпревар веројатно ќе биде
дерби на колото.
0 comments:
Post a Comment