СПОНЗОРИ
Генерален спонзор на кугларскиот клуб е ПАКОМАК – Скопје , Друштво за управување со пакување и отпад од пакување.
Благодарение на Генералниот директор - Филип Ивановски, кој од 2006 година има чувство за битолското куглање (к.к. Молика) и го поддржува ентузијазмот на група љубители на куглањето од Битола, значително е олеснето нормалното функционирање на кугларскиот клуб „Хераклеа“.
Во овие тешки времиња за македонскиот спорт, кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола ја цени поддршката од ПАКОМАК, и сите членови и Управата макотрпно ќе работаат да ја оправдаат дадената доверба, создадавајќи квалитетна екипа која во континуитет ќе се пласира на големите меѓународни натпреварувања и ќе биде во врвот на македонското куглање. И сето тоа во интерес на македонското куглање и Р.Македонија, пишувајќи ја кугларска традиција на градот Битола.
0 comments:
Post a Comment