ГТЦ – Хераклеа (19.10.2013)
Posted by Unknown on 8:50 AM with No comments
Првиот натпревар дочекан со многу проблеми зад себе и убава
иднина пред себе. Наместо кугларите да тренираат во претходниот период,
тие беа мајстори во битолската куглана, само да ги обезбедат условите
кои се неопходни. Наследената куглана која свесно беше доуништена не
блокира повеќе од два месеци, но успеавме да ги надминиме предизвиците
кои беа поставени пред нас, со досега невиден ентузијазам нештедејќи се
во ниту еден момент, генерално за сите членови на клубот, наидовме на
луѓе кои ни помогнаа да успееме во нашите заложби и за успехот сме
посебно горди како клуб. Сега имаме коректна куглана и услови да имаме
тренинзи. Да се вратам на натпреварот, без кондиција, без соодветни
припреми не можеше да се очекува нешто повеќе со ГТЦ во Мусандра.
Впрочем овој натпревар требаше да се игра во Битола, но не можевме да ги
обезбедиме потребните услови за 19 октомври. Не се ни трудам да најдам
алиби на слабата игра, Цане и Соте беа во рамките на скромната игра,
Мише беше ок, а останатите не успеаа да се снајдат на патека. Без
изградена игра, со многу слаб скор во полни и уште полоша егзекуција на
самците т.е. 44 промашени удари екипно, што се надевам ќе биде наш
неславен рекорд.
Радува фактот што екипата прифати нов систем на тренинзи кои
значително ќе придонесат за подобрување на играта кај сите куглари.
Засилувањето на полусезона со Пеце и Цане Поповски ќе даде дополнителен
стимул и самодоверба на екипата, а во тој состав, сем Макпетрол во
Скопје, не гледам пречка која ќе може да не спречи да не издвојуваме
победи над противникот. Многумина ќе речат преоптимистички, но времето
ќе ја потврди оваа моја констатација.
Се надевам дека блогот Ви се допаѓа. Ќе има многу содржини поврзани
со куглањето, и целокупното функционирање на кугларскиот клуб “Хераклеа”
од Битола.
Наредниот натпревар е со Адинг на 26 октомври и очекувам победа во куглата во Борис Трајковски.
0 comments:
Post a Comment