Доблесно е да се помогне кога се има можност за тоа. Уште подоблесно е да се помогне во еден спорт како куглањето кој самиот по себе е непрофитабилен. Ете има такви луѓе кај нас и ние како клуб со широко отворени раце ја примивме нивната помош и на чесен начин - транспарентно и јавно им искажавме благодарност.
1. Аго Абазовски е Генералниот директор на ГТЦ кој ни донира 12 кугли, половни но многу зачувани. Колку беа значајни куглите во тој момент (септември 2013) говори фактот што немавме ниту една единствена кугла (концесионерот до 2013 година си ги присвои и куглите при напуштањето на кугланата) и куглите за нас значеа живот. Голема благодарност.
2. Но всушност, најзаслужен за куглите е Менсур Ајдин, живата кугларска легенда на македонското куглање кој благодарение на разбирањето и желбата да помогне преку неговиот директор од ГТЦ успеаа да ни поклонат 12 зачувани кугли.
Задоволството беше наше, а најмногу доби македонското куглање бидејќи бевме на работ да немаме основни услови да кугламе.
|
Свечено врачување на благодарниците од Игор Михајловски на 19.10.2013 |
3.
Еден Словенец, поточно еден куглар со кугларско педигре кој живее во моментот во Македонија, во Скопје, еден ентузијаст - Демис Пушењак во една пригода се согласи да ни помогне при набавка на кугларска опрема. Не поминаа неколку месеци и зборот беше одржан. Демис успеа да ни најде донација од 27 кегли и 2 кугли од страна на Tomaz Ravnikar од Словенија. Можете да замислите што значеа новите (половни) кегли за нас.По монтирањето на истите резултатите во битолската куглана пораснаа за најмалку 20-30 чуњеви што дава воља за куглање. Веќе во битолската куглана се постигнаа резултати од 550-560 па дури и 570 што не беа замисливи претходно. Голема благодарност за Демис.
|
Екипата заедно со Демис |
|
Мојот син (Горјан) со донацијата |
4. Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
Првичната идеја беше да се организира кугларски аматерски натпревар помеѓу подмладокот на двете најголеми политички партии во Битола. Да биди од хуманитарен карактер т.е. секој учесник да донира средства со кои ќе набавиме мали кугли со помал пречник и сензори.
Таа идеја пропадна, но успеавме да организираме само со едната партија. За оваа акција најзаслужен е нашиот куглар и капитен - Цане Поповски кој вложи максимални напори истата акција да биди успешна.
|
Заедно со Антонио Милошевски кој вети дека ќе помогне во нашите заложби за нова куглана (22.04.2014) |
|
Со Претседателот на УМС - Битола - Јовица Богоев (22.04.2014) |
|
Антонио Милошевски, Зоран , |