Saturday, October 14, 2017

Адинг - Хераклеа - 2016




На нашите 3:0 предност противникот врати со 3:3 и тесно беше, но среќата не послужи. Овој пат кај нас потфрли Љупчо, а останатите беа солидни, посебно Даскалот, Никола и Тоде. Интересен натпревар кој не задржа на третата позиција.

Макпетрол - Хераклеа - 2016


Во Скопје против големиот Макпетрол е само желба за надигрување и поттикнување на добри резултати во екипата, без ни теоретска шанса за победа.
Но, постигнат е личен рекорд од 611 на Пеце Димовски (Даскалот). Штета што Драган и Љупчо искуглаа лошо инаку екипата беше многу блиску да го собори својот клупски рекорд. Кај нас поен зеде и Колев, така што со крената глава се излезе од овој натпревар бидејќи успеавме да украдеме дури 2 поени на класа подобрите играчи.



Хераклеа - ГТЦ 2016

Кога Цане Колев има најслаб резултат тогаш екипата нема избор - МОРА ДА ПОБЕДИ :)
Домашниот терен беше искористен а ГТЦ не успеа да се прилагоди на тешките стази. Кај нас Даскалот најдобар иако загуби од Лазе кој имаше одличен резултат од 550 што за Битола е навистина реткост, но одличен беше Тоде и Сотир, а Љупчо изигра на две патеки одлично, а Никола само го надополни и заедно извадоа 532. И Менде на овој натпревар беше на висина за задачата. Генерално - одлични и на официјалната табела пред ГТЦ т.е. на третата позиција.


Тутунски- Хераклеа - 2016

Во второто коло со одличниот резултат на Пеце (Даскалот) од 580, Колев и Менде одлични со тоа што Империал Тобако реално немаше никаква шанса во Мусандра во Скопје. 
Овој натпревар помина глатко и со 6:2 и прва победа оваа сезона се врати атмосферата во екипата.



Хераклеа - Вардар - 2015/16



Првото коло со силниот Вардар го започавме очајно лошо. Со само еден резултат над 500, против силен противник на домашен терен, не можевме ништо друго да очекуваме. Цане Колев го освои поенот, останатите генерално лоши, а Драган после првиот сет мораше да биде променет поради лоша игра.
Тоде Ристевски изигра исто така лошо. Гостите очекувано над 3000 дрва и убедлива и заслужена победа.



Sunday, October 8, 2017

NBC Минхен 2017

Екипата на к.к. Хераклеа благодарение на резултатот кој го постигна на државниот КУП натпревар за 2016/17, се пласира да ја претставува Р.Македонија на NBC Купот, кој во 2017 година се одржа во Минхен, Германија. Р. Македонија на ова големо европско натпреварување ја претставуваше заедно со екипата на ГТЦ од Скопје.


Настапот го отвори највозрасниот играч на Хераклеа Љупчо кој имаше бледо издание и својот настап го заврши со цифра од 495 соборени кегли.


После него настапи капитенот Поповски кој со резултат од 563 ја врати вољата во екипата и реално влегување  во трка со конкурентите за повисок пласман на ова големо првенство.










Никола беше третиот играч од првиот ден кој имаше прекрасна игра и за малку не успеа да ја достигне резултат од 600, но со своите 584 го собори својот личен рекорд и не крена од дното на табелата борејќи се со француските италијанските екипи и екипата од Естонија.









Наредниот ден, нашиот најдобар играч Пеце се бореше со стазите и во нервоза не успеа да го одигра она што тој го знае и собори свои скромни 536 дрва.
















После него настапи Игор кој со брилијантна игра успеа да стигни до 606 што впрочем е и прва 600-тка во клубот и воедно и негов личен резултат.












На крајот Тоде не успеа да ја задржи концентрацијата и попушти под притисокот па со најлош резултат од 481 го запечати пласманот на екипата на 25 место од вкупно 27 екипи кои настапија во Минхен.















Генералниот впечаток е дек клубот можи многу повеќе но недостигаат тренинзи на плочи (нешто што го немаме во Битола). Очигледно е дека екипата се подмладува влегуваат нови млади куглари кои ќе ги заменат повозрасните, а искуството од овие драгоцени меѓународни настапи ќе се пренеси токму на нив.





 Фотографии од свеченото отворање на НБЦ Минхен