Friday, May 2, 2014

Искажување на благодарност

Доблесно е да се помогне кога се има можност за тоа. Уште подоблесно е да се помогне во еден спорт како куглањето кој самиот по себе е непрофитабилен. Ете има такви луѓе кај нас и ние како клуб со широко отворени раце ја примивме нивната помош и на чесен начин - транспарентно и јавно им искажавме благодарност.

1. Аго Абазовски е Генералниот директор на ГТЦ кој ни донира 12 кугли, половни но многу зачувани. Колку беа значајни куглите во тој момент (септември 2013) говори фактот што немавме ниту една единствена кугла (концесионерот до 2013 година си ги присвои и куглите при напуштањето на кугланата) и куглите за нас значеа живот. Голема благодарност.



2. Но всушност, најзаслужен за куглите е Менсур Ајдин, живата кугларска легенда на македонското куглање кој благодарение на разбирањето и желбата да помогне преку неговиот директор од ГТЦ успеаа да ни поклонат 12 зачувани кугли.
Задоволството беше наше, а најмногу доби македонското куглање бидејќи бевме на работ да немаме основни услови да кугламе.


Свечено врачување на благодарниците од Игор Михајловски на 19.10.2013

3. Еден Словенец, поточно еден куглар со кугларско педигре кој живее во моментот во Македонија, во Скопје, еден ентузијаст - Демис Пушењак во една пригода се согласи да ни помогне при набавка на кугларска опрема. Не поминаа неколку месеци и зборот беше одржан. Демис успеа да ни најде донација од 27 кегли и 2 кугли од страна на  Tomaz Ravnikar од Словенија. Можете да замислите што значеа новите (половни) кегли за нас.По монтирањето на истите резултатите во битолската куглана пораснаа за најмалку 20-30 чуњеви што дава воља за куглање. Веќе во битолската куглана се постигнаа резултати од 550-560 па дури и 570 што не беа замисливи претходно. Голема благодарност за Демис.





Екипата заедно со Демис

Мојот син (Горјан) со донацијата




4. Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Првичната идеја беше да се организира кугларски аматерски натпревар помеѓу подмладокот на двете најголеми политички партии во Битола. Да биди од хуманитарен карактер т.е. секој учесник да донира средства со кои ќе набавиме мали кугли со помал пречник и сензори.
Таа идеја пропадна, но успеавме да организираме само со едната партија. За оваа акција најзаслужен е нашиот куглар и капитен - Цане Поповски кој вложи максимални напори истата акција да биди успешна.







Заедно со Антонио Милошевски кој вети дека ќе помогне во нашите заложби за нова куглана (22.04.2014)
Со Претседателот на УМС - Битола - Јовица Богоев (22.04.2014)


Антонио Милошевски, Зоран , 



























Wednesday, April 30, 2014

Хераклеа второпласирана на Купот на Македонија во куглање за 2014 година

Како ретко кога, со страшен мотив влеговме во потрага по она што го изгубивме во Лигата, преку Купот да го надоместиме. Императивот беше излез во Европа. 
Побаравме и со официјален допис до КФМ да се одигра Купот во Битола но бевме одбиени поради нелиценцирана куглана и трошоци за скопските екипи. 
Кружеа шпекулации дека Макпетрол веројатно ќе игра на NBC Купот што беше голем проблем за нас, но спортски влеговме со сета снага на „туѓ“ терен во Борис Трајковски да се бориме како лавови бидејќи без 3300 вкупно соборени кегли не можевме ни да се надеваме на нешто што се нарекува второ место, а ние сеуште како клуб не ја имавме достигнато таа бројка.

Тренерски екипата логично беше да се постави со најсилните адути, со кугларите кои навистина беа во форма и кои требаше да повлечат и да ги охрабрат послабите куглари во екипата, а го оставив Сотир како стандарден играч кој доколку дојде до борба да имаме квалитетен куглар во завршницата.
Така и бидна. Пеце Димовски - Даскалот со оглед на животната форма изигра просечна партија за него од 563 и иако направи предност над другите конкурентни екипи (Работнички, ГТЦ, Тутунски) сепак лично малку и ме разочара бидејќи очекував поголема бројка од него.Но реално ги подгреа надежите дека сме на добар пат да бидиме успешни и да победиме.
Втор куглаше Цане Колев, кој е доста нестабилен на модерните типови на куглани. Тргна нервозно во првиот сет, повеќе на инает, за после да се врати во вториот сет и на крајот да извади одлични 564, да ја зголеми разликата над конкурентите, а со тоа и да ја згрее атосферата во публиката (во нашиот табор нормално). 
Со предност стартуваше третиот играч Цане Поповски. Е богами „Вугринец“ ја запали куглана и за влакно му избега долгопосакуваната 600-тка. Со одлични за него 582 направи веќе значителна предност над конкурнтите.
На четвртото место бевме најтенки, а дилемата токму тука се јави кој да игра на оваа позиција. Изборот беше Игор, Тоде или Љупчо. Предност му дадов на најстариот член во екипата со оглед на прецизноста и можноста меката куглана да ја награди неговата игра. 
Не одеше како што очекував, Љупчо беше заменет од Тоде, а ниту еден од нив не успеа да ја одигра својата игра и нормално, кога не се презентира сопствената игра се добива очајни 502 кои итоа како не заплеткаа со конкурентите, со пад веќе на третата позиција.
Петтиот избор беше Драган Младеновски. Знаев дека Џандарот мора да изигра добра партија со оглед на тоа што слабо добиваше шанса и пласман во Лигата. И всушност, тој изигра одлично, без многу деветки, но и без карактеристичните промашаи и со 529 не врати повторно на второто место и незначително заводи над конкурентите.
И ... вообичаено на крајот најгусто, а ние во таа постава Сотир Гулевски, квалитетен куглар кој имаше оваа сезона резултат над 575. Соте машки го издржа притисокот кој го наметна Коста Ристевски и со зрела партија поддржан од осумте битолчани во публиката кои беа бучни како да имаше таму 50 луѓе, успеа уште во третиот сет, а потоа и во четвртиот да ја разреши дилемата околу второпласираниот на турнирот после непобедливиот Макпетрол.



Резиме: Да не беше Даскалот кој повлече сериозно напред, а Колев да продолжи со зголемено темпо и Поповски да експлодира со трет најдобар резултат на турнирот, да не беше Џандарот кој изигра зрело, и нормално Соте кој го издржа притисокот, немаше да го постигниме овој успех. Да не беше тоа бодрење, таа поддршка и на лошиот ден и на лошата игра ... да не беше добрата поставеност на играчите ... едноставно имавме ден и благодарни сме и се радуваме на успехот.
Освоивме второ место со 3293 вкупно соборени дрва, голем успех, успех на еден силен ентузиазам и желба за наддигрување иако со лимитирани можности за тренинг. Повторувам уште еднаш ОГРОМЕН УСПЕХ.
Резултатите од поединечните резултати и од екипните можите да ги превземите од
Поединечни резултати



Пласан на КУП 2014







http://www.scribd.com/doc/221270793/Poedinecni-Rezultati-Od-Pretsedatelskiot-KUP-Za-2014g




Поединечни резултати


















Monday, April 28, 2014

Макпетрол – Хераклеа (01.03.2014)


Макпетрол - Хераклеа
Натпревар без многу возбудувања, пресилниот Макпетрол за македонски услови е непобедлив во скопските куглани од ниту една екипа, па ни од Хераклеа.
Нашите куглари влегоа опуштено без било што да можат да изгубат, па во таа борба најизразит беше Сотир Гулевски кој со свои рекордни за Хераклеа 575 чуњеви го одбележа овој натпревар, патем и беше единствениот кој се избори за поен.
Останатите во своите можности, а дел од нив и далеку под своите просеци.
Првата постава одличната игра на Гулевски не го мотивира Колев кој со очајни 515 лошо го отвори натпреварот иако имавме 1:1.
Тоде со релативно лоши 519 немаше шанси против Сашко Трпковски, а Цане Поповски не успеа да му открадни поен на Виктор, иако губел 1:0 и во вториот сет на полни.
Спирковски со лоши 250 од две патеки беше заменет со Никола кој не успеа да се снајде и изваде очајни 232 дрва.
Радува фактот што Пеце премина +200 во чистење и со 208 го држи официјално рекордот во Хераклеа, а вкупно со 562 и одличното отворање со  159 не успеа да го круниса со поен на крајот против Димитар кој се врати во игра по изедначувањето на 1:1.
Како и да е, 3185 не е резултат со кој треба да се гордееме, но во Скопје не отпатува целата екипа, што значително се рефлектира и на конечниот резултат, но реално во моментот на скопските куглани сме класа под Макпетрол.

Хераклеа – Адинг (22.02.2014)


Најубедливата победа досега со максимални 8:0 за Хераклеа.
Натпревар кој може да се каже дека беше исклучително монотон, досаден и на моменти деградирачки. Противникот не беше достоен да игра со силната Хераклеа која пак во својот состав даде можност на одредени куглари да изиграат првенствен натпревар.
Со очајни резултати од двете страни и слаб мотив за кугларско надмудрување поради непарирањето на Скопјаните, ниту еден куглар не успеа да влезе во клуб 500, што пак е репер за добар резултат во Битола.
Не би можел ништо да издвојам од овој натпревар, но слатки два поени кои не искачуваат на место погоре во табелата, иако оваа сезона нашиот фокус е на КУПОТ на Р.Македонија во куглање, пласманот во МКЛ веќе не е битен по лошите резултати во есенскиот дел.

Хераклеа – ГТЦ (15.02.2014)



Натпревар кој започна со голем технички проблем на четвртата патека, по кој мораше да го продолжиме натпреварот само на две патеки што во значителна мера му даде предност на гостинската екипа бидејќи во Битола секоја стаза е приказна за себе, а во овој случај се играше само на две патеки и гостинските куглари имаа можност многу побрзо и подобро да се прилагодат на „теренот“.
Имавме и отсуство на треторангираниот куглар, еден од најстандардните кутглари -   Александар Јовановиќ кој баш тој ден си го земаше своето прво новороденче од болница.
Пролетниот дел со новите засилувања донесе и нова динамика и квалитет во „новиот“ состав на екипата.
„Новодојдените“ Поповски и Димовски одлично го отворија резултатот и со 2:0 и +40 кегли успеавме да заводиме.
Во третиот дуел Михајловски неочекувано лошо стартуваше и на чистење успеа да заглави со либек кој го доведе до очајно лоши за него 105 по 30 кугли. Во вториот сек видно деконцентриран со само 112 не преостануваше друго сем да се замени со Тоде Ристевски кој исто така изигра скромно и не успеа да го надополни пропуштеното. Со вкупно 457 на крајот покрај поразот во поенот, се загуби и разликата во вкупните кегли што ја искомплицира релаксираноста која ја имавме до вториот блок.
Четвртиот дуел Колев како убедливо најдобар со фантастичен просек од над 520 со бледа игра изигра лошо и со за него лоши 484 го изгуби многу битниот поен за нас.
Петиот дуел Драган требаше да се бори против Стојановски кој изигра релативно добро, а Драган со скромните 481 не успеа да го земи поенот и веќе се наѕираше поразот на домашната куглана.
Но, светлост донесе последниот дуел помеѓу Милош Божиновски и легендата Менсур Ајдин. Со видна предност во вкупно соборени дрва, Милош требаше покрај освоениот поен во дуелот со Менсур да го добие и со +36 дрва. Мише стартуваше лошо, но во вториот сет успеа да нивелира поголем дел од разликата и требаше да повтори уште еден така добар сет за да победи Хераклеа. Во тоа не успеа иако на крајот во „фотофиниш“  го доби Менсур во последниот сет, израмнувајќи на 2:2 и за 2 дрвца му го зеде поенот.
Тежок натпревар кој не ја одрази вистинската сила на Хераклеа, но во спортот и тоа се случува. Со скромни за нас 2938 кегли вкупно, не се доближивме до нашиот просек од +3000 што придонесе да го прокнижиме и првиот пораз во оваа полусезона.

Трето пласирани на меѓународен турнир во Крагуевац

Припремите за вториот дел од државното првенство во куглање на к.к. Хераклеа, раковостството на клубот во соработка со нашиот спонзор – ПАКОМАК, предвиде да ги направи во Р.Србија, лулка на кугларскиот спорт на овие простори, каде што учествувавме на еден меѓународен турнир во организација на кугларскиот клуб Шумадија – од Крагувац, по повод 20 години од постоењето на клубот.


Заедно со претседателот на к.к. Шумадија
Со задоволство беше прифатена поканата и поклопувањето на термините, така што најсилниот состав на клубот отпатува во Србија со намера добро да се подготви, да размени искуства, но и да победи на истиот турнир.
Учествуваа вкупно 5 (пет) екипи од кои покрај нашиот клуб, две екипи (к.к. Цар Лазар и Водовод од Крагуевац) се натпреваруваат во Супер лигата на Србија (која е една од најсилните лиги во светот), една екипа (к.к. Пак промет) се натпреварува во Првата лига на Србија и домаќините (к.к. Шумадија) кои се натпреваруваат во Првата српска лига.
Натпреварот започна во недела на 02.02.2014 од 10.00 часот.
ПЛАСМАН
1 место
2 место
3 место
4 место
5 место
к.к. Водовод
к.к. Цар Лазар
к.к. Хераклеа
к.к. Шумадија
к.к. Пак промет
3477 дрва
3315 дрва
3232 дрва
3217 дрва
3204 дрва
ПОЕДИНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ
612 М.Пантиќ 602 Буква 572 Димовски 566 Марковиќ 544 Видојевиќ
584 Милинковиќ 568 Драмичанин 552 Ристевски 552 Маринковиќ 542 Тојагиќ
578 Џорџевиќ 567 Здравиќ 547 Колев 547 Божиновски К. 533 Симовиќ
573 Вуксановиќ 533 Видојевиќ 541 Михајловски 531 Коваќевиќ 531 Пешикан
567 Симин 525 Ексиќ 514 Поповски 517 Варјашиќ 529 Јовановиќ
563 Јоксимовиќ 520 Јевтиќ 506 Божиновск 504 Куртиќ 523 Вуксановиќ

Во една опуштена атмосфера, жарот на играта се разгоре најмногу во последниот 8 блок, каде што беа пресудни последните кегли на чистење. Натпреварот беше до толку неизвесен што публиката на нозе го проследи последниот сет каде што нашиот Тоде Ристевски беше ненормално добар и со 113 во полни успеа да ја нивелира разликата од тогаш третопласираната екипа Пак промет. Натпревар полн со турбуленции, слаби и феноменални моменти, натпревар за паметење.
Во однос на нашите куглари генерално се покажа добра игра, но и сите недостатоци излегоа на виделина на добро подготвените патеки во Крагуевац, така што ни преостнува слабостите да ги надополнуваме и конкретно да се приближиме до 3300, цифрата која генерално во македонски рамки ќе може да не одржува на второто место со оглед на големата предност која ја имаме поради домашната куглана во Битола, каде што ќе може да падне и долгогодишниот првак на Македонија – екипата на Макпетрол.
Еве и галерија на фотографии: