Хераклеа второпласирана на Купот на Македонија во куглање за 2014 година

Posted by Unknown on 4:49 PM with No comments
Како ретко кога, со страшен мотив влеговме во потрага по она што го изгубивме во Лигата, преку Купот да го надоместиме. Императивот беше излез во Европа. 
Побаравме и со официјален допис до КФМ да се одигра Купот во Битола но бевме одбиени поради нелиценцирана куглана и трошоци за скопските екипи. 
Кружеа шпекулации дека Макпетрол веројатно ќе игра на NBC Купот што беше голем проблем за нас, но спортски влеговме со сета снага на „туѓ“ терен во Борис Трајковски да се бориме како лавови бидејќи без 3300 вкупно соборени кегли не можевме ни да се надеваме на нешто што се нарекува второ место, а ние сеуште како клуб не ја имавме достигнато таа бројка.

Тренерски екипата логично беше да се постави со најсилните адути, со кугларите кои навистина беа во форма и кои требаше да повлечат и да ги охрабрат послабите куглари во екипата, а го оставив Сотир како стандарден играч кој доколку дојде до борба да имаме квалитетен куглар во завршницата.
Така и бидна. Пеце Димовски - Даскалот со оглед на животната форма изигра просечна партија за него од 563 и иако направи предност над другите конкурентни екипи (Работнички, ГТЦ, Тутунски) сепак лично малку и ме разочара бидејќи очекував поголема бројка од него.Но реално ги подгреа надежите дека сме на добар пат да бидиме успешни и да победиме.
Втор куглаше Цане Колев, кој е доста нестабилен на модерните типови на куглани. Тргна нервозно во првиот сет, повеќе на инает, за после да се врати во вториот сет и на крајот да извади одлични 564, да ја зголеми разликата над конкурентите, а со тоа и да ја згрее атосферата во публиката (во нашиот табор нормално). 
Со предност стартуваше третиот играч Цане Поповски. Е богами „Вугринец“ ја запали куглана и за влакно му избега долгопосакуваната 600-тка. Со одлични за него 582 направи веќе значителна предност над конкурнтите.
На четвртото место бевме најтенки, а дилемата токму тука се јави кој да игра на оваа позиција. Изборот беше Игор, Тоде или Љупчо. Предност му дадов на најстариот член во екипата со оглед на прецизноста и можноста меката куглана да ја награди неговата игра. 
Не одеше како што очекував, Љупчо беше заменет од Тоде, а ниту еден од нив не успеа да ја одигра својата игра и нормално, кога не се презентира сопствената игра се добива очајни 502 кои итоа како не заплеткаа со конкурентите, со пад веќе на третата позиција.
Петтиот избор беше Драган Младеновски. Знаев дека Џандарот мора да изигра добра партија со оглед на тоа што слабо добиваше шанса и пласман во Лигата. И всушност, тој изигра одлично, без многу деветки, но и без карактеристичните промашаи и со 529 не врати повторно на второто место и незначително заводи над конкурентите.
И ... вообичаено на крајот најгусто, а ние во таа постава Сотир Гулевски, квалитетен куглар кој имаше оваа сезона резултат над 575. Соте машки го издржа притисокот кој го наметна Коста Ристевски и со зрела партија поддржан од осумте битолчани во публиката кои беа бучни како да имаше таму 50 луѓе, успеа уште во третиот сет, а потоа и во четвртиот да ја разреши дилемата околу второпласираниот на турнирот после непобедливиот Макпетрол.



Резиме: Да не беше Даскалот кој повлече сериозно напред, а Колев да продолжи со зголемено темпо и Поповски да експлодира со трет најдобар резултат на турнирот, да не беше Џандарот кој изигра зрело, и нормално Соте кој го издржа притисокот, немаше да го постигниме овој успех. Да не беше тоа бодрење, таа поддршка и на лошиот ден и на лошата игра ... да не беше добрата поставеност на играчите ... едноставно имавме ден и благодарни сме и се радуваме на успехот.
Освоивме второ место со 3293 вкупно соборени дрва, голем успех, успех на еден силен ентузиазам и желба за наддигрување иако со лимитирани можности за тренинг. Повторувам уште еднаш ОГРОМЕН УСПЕХ.
Резултатите од поединечните резултати и од екипните можите да ги превземите од
Поединечни резултати



Пласан на КУП 2014







http://www.scribd.com/doc/221270793/Poedinecni-Rezultati-Od-Pretsedatelskiot-KUP-Za-2014g




Поединечни резултати