Wednesday, April 30, 2014

Хераклеа второпласирана на Купот на Македонија во куглање за 2014 година

Како ретко кога, со страшен мотив влеговме во потрага по она што го изгубивме во Лигата, преку Купот да го надоместиме. Императивот беше излез во Европа. 
Побаравме и со официјален допис до КФМ да се одигра Купот во Битола но бевме одбиени поради нелиценцирана куглана и трошоци за скопските екипи. 
Кружеа шпекулации дека Макпетрол веројатно ќе игра на NBC Купот што беше голем проблем за нас, но спортски влеговме со сета снага на „туѓ“ терен во Борис Трајковски да се бориме како лавови бидејќи без 3300 вкупно соборени кегли не можевме ни да се надеваме на нешто што се нарекува второ место, а ние сеуште како клуб не ја имавме достигнато таа бројка.

Тренерски екипата логично беше да се постави со најсилните адути, со кугларите кои навистина беа во форма и кои требаше да повлечат и да ги охрабрат послабите куглари во екипата, а го оставив Сотир како стандарден играч кој доколку дојде до борба да имаме квалитетен куглар во завршницата.
Така и бидна. Пеце Димовски - Даскалот со оглед на животната форма изигра просечна партија за него од 563 и иако направи предност над другите конкурентни екипи (Работнички, ГТЦ, Тутунски) сепак лично малку и ме разочара бидејќи очекував поголема бројка од него.Но реално ги подгреа надежите дека сме на добар пат да бидиме успешни и да победиме.
Втор куглаше Цане Колев, кој е доста нестабилен на модерните типови на куглани. Тргна нервозно во првиот сет, повеќе на инает, за после да се врати во вториот сет и на крајот да извади одлични 564, да ја зголеми разликата над конкурентите, а со тоа и да ја згрее атосферата во публиката (во нашиот табор нормално). 
Со предност стартуваше третиот играч Цане Поповски. Е богами „Вугринец“ ја запали куглана и за влакно му избега долгопосакуваната 600-тка. Со одлични за него 582 направи веќе значителна предност над конкурнтите.
На четвртото место бевме најтенки, а дилемата токму тука се јави кој да игра на оваа позиција. Изборот беше Игор, Тоде или Љупчо. Предност му дадов на најстариот член во екипата со оглед на прецизноста и можноста меката куглана да ја награди неговата игра. 
Не одеше како што очекував, Љупчо беше заменет од Тоде, а ниту еден од нив не успеа да ја одигра својата игра и нормално, кога не се презентира сопствената игра се добива очајни 502 кои итоа како не заплеткаа со конкурентите, со пад веќе на третата позиција.
Петтиот избор беше Драган Младеновски. Знаев дека Џандарот мора да изигра добра партија со оглед на тоа што слабо добиваше шанса и пласман во Лигата. И всушност, тој изигра одлично, без многу деветки, но и без карактеристичните промашаи и со 529 не врати повторно на второто место и незначително заводи над конкурентите.
И ... вообичаено на крајот најгусто, а ние во таа постава Сотир Гулевски, квалитетен куглар кој имаше оваа сезона резултат над 575. Соте машки го издржа притисокот кој го наметна Коста Ристевски и со зрела партија поддржан од осумте битолчани во публиката кои беа бучни како да имаше таму 50 луѓе, успеа уште во третиот сет, а потоа и во четвртиот да ја разреши дилемата околу второпласираниот на турнирот после непобедливиот Макпетрол.



Резиме: Да не беше Даскалот кој повлече сериозно напред, а Колев да продолжи со зголемено темпо и Поповски да експлодира со трет најдобар резултат на турнирот, да не беше Џандарот кој изигра зрело, и нормално Соте кој го издржа притисокот, немаше да го постигниме овој успех. Да не беше тоа бодрење, таа поддршка и на лошиот ден и на лошата игра ... да не беше добрата поставеност на играчите ... едноставно имавме ден и благодарни сме и се радуваме на успехот.
Освоивме второ место со 3293 вкупно соборени дрва, голем успех, успех на еден силен ентузиазам и желба за наддигрување иако со лимитирани можности за тренинг. Повторувам уште еднаш ОГРОМЕН УСПЕХ.
Резултатите од поединечните резултати и од екипните можите да ги превземите од
Поединечни резултати



Пласан на КУП 2014







http://www.scribd.com/doc/221270793/Poedinecni-Rezultati-Od-Pretsedatelskiot-KUP-Za-2014g




Поединечни резултати


















Monday, April 28, 2014

Макпетрол – Хераклеа (01.03.2014)


Макпетрол - Хераклеа
Натпревар без многу возбудувања, пресилниот Макпетрол за македонски услови е непобедлив во скопските куглани од ниту една екипа, па ни од Хераклеа.
Нашите куглари влегоа опуштено без било што да можат да изгубат, па во таа борба најизразит беше Сотир Гулевски кој со свои рекордни за Хераклеа 575 чуњеви го одбележа овој натпревар, патем и беше единствениот кој се избори за поен.
Останатите во своите можности, а дел од нив и далеку под своите просеци.
Првата постава одличната игра на Гулевски не го мотивира Колев кој со очајни 515 лошо го отвори натпреварот иако имавме 1:1.
Тоде со релативно лоши 519 немаше шанси против Сашко Трпковски, а Цане Поповски не успеа да му открадни поен на Виктор, иако губел 1:0 и во вториот сет на полни.
Спирковски со лоши 250 од две патеки беше заменет со Никола кој не успеа да се снајде и изваде очајни 232 дрва.
Радува фактот што Пеце премина +200 во чистење и со 208 го држи официјално рекордот во Хераклеа, а вкупно со 562 и одличното отворање со  159 не успеа да го круниса со поен на крајот против Димитар кој се врати во игра по изедначувањето на 1:1.
Како и да е, 3185 не е резултат со кој треба да се гордееме, но во Скопје не отпатува целата екипа, што значително се рефлектира и на конечниот резултат, но реално во моментот на скопските куглани сме класа под Макпетрол.

Хераклеа – Адинг (22.02.2014)


Најубедливата победа досега со максимални 8:0 за Хераклеа.
Натпревар кој може да се каже дека беше исклучително монотон, досаден и на моменти деградирачки. Противникот не беше достоен да игра со силната Хераклеа која пак во својот состав даде можност на одредени куглари да изиграат првенствен натпревар.
Со очајни резултати од двете страни и слаб мотив за кугларско надмудрување поради непарирањето на Скопјаните, ниту еден куглар не успеа да влезе во клуб 500, што пак е репер за добар резултат во Битола.
Не би можел ништо да издвојам од овој натпревар, но слатки два поени кои не искачуваат на место погоре во табелата, иако оваа сезона нашиот фокус е на КУПОТ на Р.Македонија во куглање, пласманот во МКЛ веќе не е битен по лошите резултати во есенскиот дел.

Хераклеа – ГТЦ (15.02.2014)



Натпревар кој започна со голем технички проблем на четвртата патека, по кој мораше да го продолжиме натпреварот само на две патеки што во значителна мера му даде предност на гостинската екипа бидејќи во Битола секоја стаза е приказна за себе, а во овој случај се играше само на две патеки и гостинските куглари имаа можност многу побрзо и подобро да се прилагодат на „теренот“.
Имавме и отсуство на треторангираниот куглар, еден од најстандардните кутглари -   Александар Јовановиќ кој баш тој ден си го земаше своето прво новороденче од болница.
Пролетниот дел со новите засилувања донесе и нова динамика и квалитет во „новиот“ состав на екипата.
„Новодојдените“ Поповски и Димовски одлично го отворија резултатот и со 2:0 и +40 кегли успеавме да заводиме.
Во третиот дуел Михајловски неочекувано лошо стартуваше и на чистење успеа да заглави со либек кој го доведе до очајно лоши за него 105 по 30 кугли. Во вториот сек видно деконцентриран со само 112 не преостануваше друго сем да се замени со Тоде Ристевски кој исто така изигра скромно и не успеа да го надополни пропуштеното. Со вкупно 457 на крајот покрај поразот во поенот, се загуби и разликата во вкупните кегли што ја искомплицира релаксираноста која ја имавме до вториот блок.
Четвртиот дуел Колев како убедливо најдобар со фантастичен просек од над 520 со бледа игра изигра лошо и со за него лоши 484 го изгуби многу битниот поен за нас.
Петиот дуел Драган требаше да се бори против Стојановски кој изигра релативно добро, а Драган со скромните 481 не успеа да го земи поенот и веќе се наѕираше поразот на домашната куглана.
Но, светлост донесе последниот дуел помеѓу Милош Божиновски и легендата Менсур Ајдин. Со видна предност во вкупно соборени дрва, Милош требаше покрај освоениот поен во дуелот со Менсур да го добие и со +36 дрва. Мише стартуваше лошо, но во вториот сет успеа да нивелира поголем дел од разликата и требаше да повтори уште еден така добар сет за да победи Хераклеа. Во тоа не успеа иако на крајот во „фотофиниш“  го доби Менсур во последниот сет, израмнувајќи на 2:2 и за 2 дрвца му го зеде поенот.
Тежок натпревар кој не ја одрази вистинската сила на Хераклеа, но во спортот и тоа се случува. Со скромни за нас 2938 кегли вкупно, не се доближивме до нашиот просек од +3000 што придонесе да го прокнижиме и првиот пораз во оваа полусезона.

Трето пласирани на меѓународен турнир во Крагуевац

Припремите за вториот дел од државното првенство во куглање на к.к. Хераклеа, раковостството на клубот во соработка со нашиот спонзор – ПАКОМАК, предвиде да ги направи во Р.Србија, лулка на кугларскиот спорт на овие простори, каде што учествувавме на еден меѓународен турнир во организација на кугларскиот клуб Шумадија – од Крагувац, по повод 20 години од постоењето на клубот.


Заедно со претседателот на к.к. Шумадија
Со задоволство беше прифатена поканата и поклопувањето на термините, така што најсилниот состав на клубот отпатува во Србија со намера добро да се подготви, да размени искуства, но и да победи на истиот турнир.
Учествуваа вкупно 5 (пет) екипи од кои покрај нашиот клуб, две екипи (к.к. Цар Лазар и Водовод од Крагуевац) се натпреваруваат во Супер лигата на Србија (која е една од најсилните лиги во светот), една екипа (к.к. Пак промет) се натпреварува во Првата лига на Србија и домаќините (к.к. Шумадија) кои се натпреваруваат во Првата српска лига.
Натпреварот започна во недела на 02.02.2014 од 10.00 часот.
ПЛАСМАН
1 место
2 место
3 место
4 место
5 место
к.к. Водовод
к.к. Цар Лазар
к.к. Хераклеа
к.к. Шумадија
к.к. Пак промет
3477 дрва
3315 дрва
3232 дрва
3217 дрва
3204 дрва
ПОЕДИНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ
612 М.Пантиќ 602 Буква 572 Димовски 566 Марковиќ 544 Видојевиќ
584 Милинковиќ 568 Драмичанин 552 Ристевски 552 Маринковиќ 542 Тојагиќ
578 Џорџевиќ 567 Здравиќ 547 Колев 547 Божиновски К. 533 Симовиќ
573 Вуксановиќ 533 Видојевиќ 541 Михајловски 531 Коваќевиќ 531 Пешикан
567 Симин 525 Ексиќ 514 Поповски 517 Варјашиќ 529 Јовановиќ
563 Јоксимовиќ 520 Јевтиќ 506 Божиновск 504 Куртиќ 523 Вуксановиќ

Во една опуштена атмосфера, жарот на играта се разгоре најмногу во последниот 8 блок, каде што беа пресудни последните кегли на чистење. Натпреварот беше до толку неизвесен што публиката на нозе го проследи последниот сет каде што нашиот Тоде Ристевски беше ненормално добар и со 113 во полни успеа да ја нивелира разликата од тогаш третопласираната екипа Пак промет. Натпревар полн со турбуленции, слаби и феноменални моменти, натпревар за паметење.
Во однос на нашите куглари генерално се покажа добра игра, но и сите недостатоци излегоа на виделина на добро подготвените патеки во Крагуевац, така што ни преостнува слабостите да ги надополнуваме и конкретно да се приближиме до 3300, цифрата која генерално во македонски рамки ќе може да не одржува на второто место со оглед на големата предност која ја имаме поради домашната куглана во Битола, каде што ќе може да падне и долгогодишниот првак на Македонија – екипата на Макпетрол.
Еве и галерија на фотографии:
























Засилувања на полусезона

Кугларскиот клуб „Хераклеа“ се засили дури со 4 (четири) ново – стари куглари, сите Битолчани, кои куглаа за кугларски клубови од Скопје или куглари кои биле во мирување. Носечката идеја за формирање на квалитетен кугларски клуб од Битола, каде што ќе играат Битолчани предизвика низа подвижувања и зголемување на мотивот и вољата кај веќе постоечките куглари создавајќи една позитивна атмосера и отворање на нови хоризонти во поглед на куглањето. Макотрпно се тренира, сите куглари веќе се во нагорна линија со формата и радува што во Битола веќе просекот на најдобрата екипа последователно на повеќе пати преминува 3000 кегли, што е навистина голем успех.
Засилувањата се добро познати во кугларскиот свет кај нас, но за нашите читатели и пријатели ќе ги наведеме:

1. Пеце Димовски, трансфер од к.к. Работнички
2. Цане Поповски, трансфер од к.к. Работнички
3. Александар Јовановиќ, поранешен куглар на к.к. Молика
4. Кристијан Божиновски, поранешен куглар на к.к. Молика и к.к. Пелистер

ТКС – Хераклеа (01.12.2013)







ТКС - Хераклеа (01.12.2013)
Последен натпревар од есенскиот дел во МКЛ 2013/14, натпревар без многу изненадувања и очекувани резултати. Борба со исклучително добро финансиски стоечки противник кој во свој посед има квалитетни куглари и некогашни репрезентативци. Светла точка на овој натпревар беше Александар Јовановиќ кој како нов член во клубот ја оправда довербата, го освои единствениот поен за Хераклеа и постави втор апсолутен резултат (554), покажувајќи зрела игра иако за прв пат после четири години играше во Мусандра. Жолто црвениот картон на Александар со 7 погодени на чистење, единствениот промашен удар на 29 кугла во првиот сет каде што не успеа да влези во полна постава, говори дека можеби добиваме и еден иден столб во играта на Хераклеа.
Останатите во рамките на слабата игра (Колев со очаен почеток од два сета, Милош, Сотир и Тоде со бледа игра, многу слаби резултати  и неможност да се наметнат врз противникот, Драган со големиот број на промашени удари и Игор со променливата игра беше општиот впечаток кој беше оставен во Скопје.
Како и да е, од денес веќе започнуваме нова ера, со најдобрите битолски куглари на едно место (сем Александар Соколовски), со клуб кој пред себе зацрта една патека и ќе мора трпеливо да чекориме по истата како би стигнале до успехот и долго очекуваните резултати.

Хераклеа – Работнички (23.11.2013)


Хераклеа - Работнички (23.11.2013)
Величината на спортскиот дух на битолските куглари беше олицетворение на овој натпревар.
Во ситуација кога Хераклеа требаше да игра со директниот ривал, со оглед на квалитетот на останатите клубови во МКЛ, кога итоа како ни беа неопходни тие два бода од домашната куглана со овој состав,  кога без проблем можеа да бидат извадени „лоши“ или „очајни“ резултати бидејќи имаше реални можности за тоа со оглед на тоа што два клучни играчи во Работнички (Битолчани) од полусезона преминуваат во Хераклеа, итоа не било какви играчи туку едниот Претседател а другиот дел од основачкиот тим на клубот, кое можеше и да го дотолчи противничкиот тим со оглед на тоа што беа поставени во прва постава и плус условите на кугланата во Битола (што подразбира голем проблем за скопските колеги), никој, ама баш никој во ниту еден момент, не ни помисли за реализација на тоа црно сценарио и за тоа сме посебно горди сите битолски куглари, чесно, гордо и достоинствено до последен здив да се бранат боите за својот клуб. Тоа е одлика само на големи играчи. Хераклеа навистина и загуби, но Битола доби во доблест и тоа е за пофалба.
Можеби најдобра илустрација се двете благодарници кои од Работнички им беа доделени на Пеце и Цане пред почетокот на овој натпревар



















Во однос на самиот натпреварот, можам да кажам дека за Хераклеа довербата ја оправда само овогодинешниот градски првак Мише Божиновски кој успеа да го донесе и единствениот поен, како и Драган М. кој иако без тренинг две недели успеа да ремизира и да земе пола поен. Многу грешки, бледа игра, нешто што веројатно ќе го оставиме далеку зад себе. Победата на противникот заслужена, иако овој натпревар ќе се памети и по еден неспортски гест на младиот скопјанец Игор Беличански кој на веќе добиениот натпревар свесно играјќи со спротивната рака ја исфрли куглата крајно невообичаено, што таа неколку пати се удираше по рабовите на патеката, што може да се карактеризира како неспортски непромислен гест упатен кон најстариот играч на натпреварот, инаку доајен на битолското куглање Љупчо Спирковски.
Останува да се изигра и последното коло од оваа полу сезона, оваа недела на 01 декември, со што веќе од пролетниот дел значително засилени со три многу битни и значајни засилувања, да бидеме тим кој ќе знае да биди конкурентен и да му земе два поени на било кој друг клуб од МКЛ.

Македонија – Хераклеа (09.11.2013)







Македонија - Хераклеа (09.11.2013)

Првата победа на к.к. „Хераклеа“ во четвртото коло од МКЛ, слатка бидејќи прва, за паметење бидејќи против женска екипа :) .
Инаку, во однос на играта, повторно бледа и неуверлива, без потребниот квалитет, но далеку подобра од изминатите натпревари.
Доминираше Цане Колев кој со своите 199 на чистење,  успеа да стигне до фините 559, што досега е најдобар резултат на еден член на Хераклеа.
Бубичот со за него коректни 531 беше втор, Тоде, Мише и Игор со нешто над 500 беа под нивото, а младиот Никола не успеа да се стабилизира на чистење и изваде резултат под 480.
Натпреварот влезе во неизвесност по вториот блок кога се нивелира стекнатата разлика во вкупно соборени кегли, а резултатот со 2:2 внесе во самата завршница доста неизвесност, за на крајот стабилната игра на последната постава во првите два добиени сета и кај Љупчо и кај Игор, ја релаксира атмосферата и не дозволи да се „размафтаат“ исклучително квалитетните Данче Гијевска и Билјана Гаврилова.
Убаво е што е постигната првата победа, но без да звучам шовинистички многу подрага ќе биде победата над екипата на „Работнички“ од шестото коло која ни гостува на домашен терен и кој натпревар веројатно ќе биде дерби на колото.


Градско првенство на Битола – 2013

Јубилејно, по повод 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола, к.к. Хераклеа организира градско поединечно првенство на Општина Битола. Се куглаше два дена (04 и 05 Ноември) класично. Беа пријавени вкупно 12 куглари.
Официјално резултатите од натпреварувањето:

Градско поединечно  првенство Битола – 2013
Име и пр.
I
II
Вк
1 Милош Б. 509 536 1045
2 Цане П. 502 503 1005
3 Тоде Р. 499 491 991
4 Цане К. 479 507 986
5 Пеце Д. 490 495 986
6 Драган М. 495 466 961
7 Игор М. 471 488 959
8 Никола А. 457 461 938
9 Менде А. 480 451 931
10 Сотир Г. 477 340* 817*
11 Миле Ѓ. 484 0 484
12 Љупчо С. 443 0 443


Со импресивен резултат од 1045 соборени дрва, убедливо и заслужено градски првак на Битола за 2013 година е Милош Божиновски.


 Градски првак за 2013 (најдобриот поклон за неговиот роденден), 05.11.2013


Милош Божиновски - 536 во финале - градски првак (2013), 05.11.2013