Хераклеа – Работнички (23.11.2013)

Posted by Unknown on 9:10 AM with No comments

Хераклеа - Работнички (23.11.2013)
Величината на спортскиот дух на битолските куглари беше олицетворение на овој натпревар.
Во ситуација кога Хераклеа требаше да игра со директниот ривал, со оглед на квалитетот на останатите клубови во МКЛ, кога итоа како ни беа неопходни тие два бода од домашната куглана со овој состав,  кога без проблем можеа да бидат извадени „лоши“ или „очајни“ резултати бидејќи имаше реални можности за тоа со оглед на тоа што два клучни играчи во Работнички (Битолчани) од полусезона преминуваат во Хераклеа, итоа не било какви играчи туку едниот Претседател а другиот дел од основачкиот тим на клубот, кое можеше и да го дотолчи противничкиот тим со оглед на тоа што беа поставени во прва постава и плус условите на кугланата во Битола (што подразбира голем проблем за скопските колеги), никој, ама баш никој во ниту еден момент, не ни помисли за реализација на тоа црно сценарио и за тоа сме посебно горди сите битолски куглари, чесно, гордо и достоинствено до последен здив да се бранат боите за својот клуб. Тоа е одлика само на големи играчи. Хераклеа навистина и загуби, но Битола доби во доблест и тоа е за пофалба.
Можеби најдобра илустрација се двете благодарници кои од Работнички им беа доделени на Пеце и Цане пред почетокот на овој натпревар



















Во однос на самиот натпреварот, можам да кажам дека за Хераклеа довербата ја оправда само овогодинешниот градски првак Мише Божиновски кој успеа да го донесе и единствениот поен, како и Драган М. кој иако без тренинг две недели успеа да ремизира и да земе пола поен. Многу грешки, бледа игра, нешто што веројатно ќе го оставиме далеку зад себе. Победата на противникот заслужена, иако овој натпревар ќе се памети и по еден неспортски гест на младиот скопјанец Игор Беличански кој на веќе добиениот натпревар свесно играјќи со спротивната рака ја исфрли куглата крајно невообичаено, што таа неколку пати се удираше по рабовите на патеката, што може да се карактеризира како неспортски непромислен гест упатен кон најстариот играч на натпреварот, инаку доајен на битолското куглање Љупчо Спирковски.
Останува да се изигра и последното коло од оваа полу сезона, оваа недела на 01 декември, со што веќе од пролетниот дел значително засилени со три многу битни и значајни засилувања, да бидеме тим кој ќе знае да биди конкурентен и да му земе два поени на било кој друг клуб од МКЛ.