Засилувања на полусезона
Posted by Unknown on 9:14 AM with No comments
Кугларскиот клуб „Хераклеа“ се засили дури со 4 (четири) ново –
стари куглари, сите Битолчани, кои куглаа за кугларски клубови од Скопје
или куглари кои биле во мирување. Носечката идеја за формирање на
квалитетен кугларски клуб од Битола, каде што ќе играат Битолчани
предизвика низа подвижувања и зголемување на мотивот и вољата кај веќе
постоечките куглари создавајќи една позитивна атмосера и отворање на
нови хоризонти во поглед на куглањето. Макотрпно се тренира, сите
куглари веќе се во нагорна линија со формата и радува што во Битола веќе
просекот на најдобрата екипа последователно на повеќе пати преминува
3000 кегли, што е навистина голем успех.
Засилувањата се добро познати во кугларскиот свет кај нас, но за нашите читатели и пријатели ќе ги наведеме:
1. Пеце Димовски, трансфер од к.к. Работнички
2. Цане Поповски, трансфер од к.к. Работнички
3. Александар Јовановиќ, поранешен куглар на к.к. Молика
4. Кристијан Божиновски, поранешен куглар на к.к. Молика и к.к. Пелистер

0 comments:
Post a Comment