ИГОР МИХАЈЛОВСКИ

Posted by Unknown on 7:10 AM with No comments
Име и презиме: Игор Михајловски
Дата на раѓање: 19.08.1980
Член на к.к. Хераклеа: 01.10.2013
Број на регистрација: 1477
Функција во к.к. Хераклеа: тренер и член на УО
Претходно членувал во: к.к. Молика - Битола (2006 – 2010)
Личен рекорд: 557 (ГТЦ – Скопје)
Рекорд на домашна куглана: 556

Претходни функции во други клубови: основач, претседател и тренер на к.к. Молика (2006-2010). Член на УО на КФМ (2009-2010)
Лиценциран судија во КФМ од 2003 година, судел повеќе од 25 натпревари во МКЛ, повеќе натпревари во Битола, а неколку и во ГТЦ – Скопје.


Обуки за тренер: Врбас – 2007, неделен курс во организација на Српската кугларска федерација и викенд курс во Струга – 2009 во организација на Александар Атанасов и гости од Србија, Хрватска и Македонија.
Искуство на меѓународни турнири: NBC Апатин – 2009, NBC Сплит – 2010. Како тренер ја водел екипата на к.к. Молика на двата меѓународни купови.
Резултати од меѓународни натпревари: 553 NBC Сплит – 2010. Екипни резултати:
Репрезентативен настап: Тренер на кадетска репрезентација на Македонија на  Светско првенство во Германија – Детенхајм, 2009 година. Репрезентацијата во состав: Адријана Кочишка, Катерина Јолевска, Стојче Попоски и Александар Манев, водена во соработка со Секретарот на КФМ – Ристо Петров. На ова светско првенство беше постигнат најдобриот вкупен македонски женски резултат (Адријана Кочишка) на сите времиња (591 и 587) и во сите конкуренции вклучувајќи ја и сениорската конкуренција. Во финалето, Кочишка како седмопласирана од вкупно 16 кугларки, направи 553, и со останатите вкупно 1178 дрва, се пласира на 13-тото место од вкупно 87 кугларки.
Позначајни резултати на државни првенства: Како тренер со Катерина Јолевска, Адријана Кочишка кои беа државни првенки во кадетска и јуниорска селекција повеќе години во периодот од 2006-2011 година, како и со Христијан Трифуновски кој се пласира на третото место во кадетска категорија – 2007 година, во исклучително квалитетна конкуренција.